Дали би дозволиле вашето семејство да изигрува стројник за да ви помогне да преболите скршено срце?
„10 состаноци наслепо“ од Ешли Елстон е совршено божиќно задоволство: прекрасна, пријатна, забавна романса за тинејџери и возрасни која ќе ви овозможи за момент да избегате од реалноста.
Софи сака само една работа за Божиќ – да го помине слободното време со своето момче Грифин. Па така, кога ќе дознае дека нејзините родители планираат патување за да ја посетат сестра ѝ за време на празникот, Софи ги преколнува да остане со баба ѝ и дедо ѝ и со своето вревливо пошироко семејство.
Но, Грифин ѝ раскинува... и таа е уништена.