Мени
Кошница

Пpoизводи кoи одговаpaaт нa вaшeтo пpeбapувaњe

ДОГОВОР ЗА ПОСРЕДУВАЊЕ ВО ПРОДАЖБА НА СТОКИ И УСЛУГИ И ЗА ПРИДРУЖНИ УСЛУГИ

Oвој Договор е склучен во Скопје, на ден                       година, помеѓу:

 

1.    Друштво за посредување и онлајн продажба СТАР СХОП ДОО Скопје, ул.Славеј Планина бр.1/Пр-1 Центар Скопје со ЕМБС 7669380 и ЕДБ 4080023613970, застапувано од Управител Мустафа Озкан Капуџуоглу со број на посош У 24915212 со адреса на живеалиште на ул. Донанма Мах. Ататурк Бул.Гази АПт. Бр.20/10 Голџук Коџаели (Starshop.mk) и


        2. ................................................................................................................................................................................................................................................................................

..................................................................................................................................................................................................................

Заедно означении како Договорни страни, a поединечно како Договорна страна.


Член 1

                                       Предмет на договорот

Предмет на овој договор е посредување во продажбата на стоки и услуги преку Електронската платформа Starshop - Starshop.mk (во натамошниот текст: Платформa), како и обезбедување на други услуги за поддршка на Трговецот од страна на Starshop, кои вклучуваат организација на испорака на стоки до купувачите, рекламирање и други услуги.


Составен дел на овој договор се Општите услови на работењето на Starshop кои се достапни на Платформата, на следниот линк: Општи услови на работење на Starshop.mk за трговци и приложени кон овој Договор, а со потпишувањето на овој Договор, Трговецот потврдува дека ги прочитал, целосно ги разбрал Општите услови за работа и во целост се согласува со нивната примена.


Член 2

                                              Комерцијални условиза посредување и за придружни услуги

Услуги на посредување

Tрговецот се обврзува на Starshop да му исплати одреден надомест за извршената услуга посредување на Платформата (во натамошниот текст: Посреднички надоместок) кој се пресметува и наплаќа од Трговецот согласно на вредноста на стоката/услугите продадена преку Платформата и се изразува во следните износи:


Категорија на стоки/услуги

Износ во %

Цел асортиман

10



Starshop стекнува право на Посреднички надоместок во моментот на продажбата на стоката на купувачот, односно со реализацијата на купопродажниот договор за кој посредувал.

 

Промотивниот постеднички надоместок Посредникот има право да ги менува во секое време и за тоа треба да го извести Трговецот во рок од 30 ден од денот на менувањето на Условите и посредникиот надоместок.



Пресметка и фактурирање на Посредничкиот надоместок

На крајот од секој календарски месец, Starshop.mk го пресметува и фактурира Посредничкиот надомест за сите стоки/услуги продадени или дадени на купувачите во тој календарски месец, во рок од 5 дена од крајот на месецот, со рок на доспевање на фактурата од 15 дена. Фактурата се доставува месечно, по е-пошта на адресата на е-пошта наведена во член 6 од овој Договор или со нејзино поставување на Платформата на соодветно место кое е достапно за проверка од страна на Трговецот.

 

Пресметката и наплатата на посредничкиот надоместок во случаи кога стоката му се враќа на Трговецот или на Starshop.mk поради неуспешна испорака, откажување на потрошувачот од купувањето, изгубени и оштетени пратки и рекламации подетално се дефинирани во Општите услови за работење.

 

Испорака на стоки до купувачите

Starshop.mk за сите стоки продадени преку Платформата организира и врши преземање, транспорт и испорака/враќање на стоката на/од купувачите. Трошоците за испорака ги плаќа купувачот, а условите за испорака се подетално дефинирани во документот Општи услови за купување и преддоговорни информации за потрошувачите.

 

Трговецот е должен видот и количината на нарачаната стока со целата потребна придружна документација согласно важечката регулатива да ѝ ги стави на располагање на курирска служба избрана од Starshop.mk на следната/ите адреса/и на деловната/ите просторија/ии на трговецот:

 

на..................................................... (адресни податоциза Трговец)


Oстанати придружниуслуги

Starshop.mk обезбедува услуги од областа на електронската трговија и заштита на потрошувачите, услуги за репродукција и печатење на документација согласно позитивните прописи од областа на електронската трговија, заштита на потрошувачите и организација на плаќања и слично, кои се вршат со користење на софтверски алатки и оперативни решенија на Платформата. Надоместокот за овие услуги е пресметан во надоместокот за посредување.

 

Услугата за рекламирање на Платформата се обезбедува на барање на Трговецот и по одобрување на тоа барање од страна на Starshop.mk. Услугата за рекламирање е предмет на посебен договор помеѓу Starshop.mk и Трговецот.


Член 3

Издавање на потребната документација согласно позитивните прописиод областа на готовинските плаќања


За стоката и услугите продадени преку Платформата, Трговецот е должен да му ја издаде на купувачот потребната документација согласно позитивните прописи од областа на готовинските плаќања а во врска со извршениот промет на стоки и услуги со користење на сопствени средства и уреди.

Во согласност со договорот од став 1 на овој член, ќе се применуваат релевантните одредби од Општите услови за работа, кои се однесуваат на обврските на Трговецот.


Член 4

                                            Одговорности и обештетувања

  •                 Со склучувањето на овој Договор, Договорните страни се обврзуваат дека ќе ги почитуваат своите обврски предвидени во овој Договор,                     Општите услови за работа, како и важечките прописи на Република Северна Македонија и дека во случај на прекршување на некоја од овие                    обврски и изјавите и гаранциите дадени во овој Договор, тие целосно ќе ја обештетат другата Договорна страна, односно во такви случаи,                 таа ќе ја надомести другата Договорна страна за сите штети, како и за сите направени трошоци, надоместоци, казни и други трошоци кои                     другата Договорна страна имала/претрпела во таа прилика.

                    Трговецот сноси целосна и исклучива одговорност во врска со стоките/услугите, нивните својства и недостатоци, за почитување на своите                  обврски врз основа на склучениот Договор со СТАР СХОП ДООСкопје и овие Општи услови, како иважечките прописи на Република Северна                Македонија, и во случај на каков било пропуст, прекршување или непридржување до тие обврски е должен да му ја надомести на СТАР СХОП                ДОО Скопје целата направена штета и трошоци.


    Трговецот изрично изјувавуа дека во случај на појава на приговор од потрошувачите,односно во случај на појава на судски спор во врска со продадениот продукт или дадената услуга од асортиманот на трговецот, а како тужена страна ќе биде СТАР СПОХ ДОО Скопје, тогаш изрично изјавува дека ќе се појави како странка/ замешувач во судскиот спор и ќе ги преземе сите обврски кои би произлегувале ако се докаже вина на страна на првата договорна страна односно вина на стрна на Трговецот.



Член 5

                                Времетраење и раскинување на договорот

 

Овој договор е склучен на одредено време од 1 (една) годинаод датумот на склучување.

Доколку некоја од Договорните страни не ја извести другата Договорна страна најдоцна 30 (триесет) дена пред истекот дека не сака да го продолжи времетраењето на Договорот, ќе се смета дека овој Договор автоматски се продолжува за следен период од 1 (една) година.

Договорот може да биде раскинат во следниве случаи:

1.    По пат на договорво писмена форма,

            2.    Еднострано во секое време и без наведување на причината за раскинување или откажување, и тоа со доставување до другата Договорна страна известување за отказот на договорот со почитување на отказниот рок од најмалку 15 (петнаесет) дена.


Без разлика на начинот на раскинување на овој Договор, Трговецот е должен да ги исполни сите нарачки за стоки/услуги кои се направени до истекот на рокот на важење на договорот, освен ако Starshop поинаку не го извести за тоа по писмен пат.

 

Член 6

                                                  Комуникациja

 

Договорните страни се согласуваат дека комуникацијата врз основа на и во врска со овој Договор се врши со доставување податоци и документи на следните адреси:

 

За    Starshop:    адреса:    ул.    Славеј    Планина    бр.1/Пр-1        Центар        Скопје,    или   е-пошта:

contact@starshop.mk

 

Лице за контакт:     Funda Kucevic

е-пошта адреса: funda.kucevit@starshop.mk тел бр 070415273


Elmedina Jaja

е-пошта адреса: elmedina.jaja@starshop.mk тел бр 070415272


info@starhop.mk

 

За трговецот: адреса: ……………………………………………………. Лице за контакт: ...............................................

Објавувањето на податоци и документи на Платформата од страна на Starshop.mk со известување на Трговецот за објавувањето има иста правна сила како и доставувањето од претходниот став.

 

Член 7

                                        Завршни одредби

 

Starshop го задржува правото во секое време да ги измени и/или дополни Општите услови за користење во секое време Општите услови за користење и новите да ги објави на Платформата, при што новите Општите ислови за користење ќе ги заменат претходно важечките Општи услови за користење.

Новите Општите услови за користење ќе стапат на сила и ќе се применуваат по истек на петнаесеттиот ден од денот на објавувањето на Платформата и на тој ден тие ќе станат важечки, применливи и обврзувачки за деловниот однос помеѓу Starshop и Трговецот без потреба тие да бидат посебно одобрени од страна на Трговецот.

 

Во случај на измена на Општите услови за користење, Трговецот има право во рокот наведен во член 5 став 2 точка 2 од овој Договор еднострано да го раскине овој Договор така што на Starshop ќе му достави писмено известување, без право од Starshop да бара каков било надомест.


Договорните страни ќе се обидат по мирен пат да ги решат сите евентуални спорови кои ќе се појават во врска со овој Договор, во спротивно за решавање на истите се договара Основниот Граѓански суд во Скопје.

 

Овој Договоре направен во 2 (два) идентични примероци, по 1 (еден)за секоја Договорна страна.

 

 

 

 

Зa    Starshop                                                                                                                                                Зa Tрговецот