Тања Јанковиќ, во збирката раскази Девојката од Бондстил, низ исповедта на главните јунаци сведочи за животот во американската воена база и ги разбива предрасудите за НАТО кампот, во кој Дијана, преведувачката и централната личност на оваа книга, минува три години. Во ова возбудливо авантуристичко четиво, со елементи на автобиографија, читателот ќе го изненадат многу неверојатни ситуации: Дијана ќе биде единствената Србинка на отворањето на албанската дискотека, за малку ќе се омажи за еден Албанец од Њујорк, ќе станат кумови со Албанката Армида, најпосле ќе заврши во затвор...
Искрените и трајни пријателства кои ги негува главната хероина, но и односите спрема војниците и другите жители во базата кои служат во неа, за неа претставуваат уште еден доказ дека предрасудите кои се одомаќиниле за раскараните балкански соседи имаат свој лик и во црно-белата слика за „спасителите“ и „окупаторите“ од редовите на сојузничките земји и големите сили.