„Неговата творечка намера е да ги зачува од заборавот магичните мигови и слики, звуци, мириси и зборови, средби и разделби од дипломатските крстосувања по белиот свет, во егзотичните земји и таинствените средини, како што тоа го правеле и го прават во своите нотеси и патописи големите патешественици и аџии, жедни за нови пространства и доживувања, за незаборавни случки и ликови, откривајќи ја секогаш поетска страна на животот и љубовта што ги обединува луѓето во светот, во сите меридијани и поднебја.“ - Паскал Гилевски