Мени
Кошница

РОМАН КАКО ГО УБИВ МАНДРАК

РОМАН КАКО ГО УБИВ МАНДРАК
Продавач PROSVETNO DELO
300.00 ден
Ex Tax: 254.24 ден


КАКО ГО УБИВ МАНДРАК Трајче Кацаров Дејството во романот почива врз карактерните особености на двата главни лика Сакан и Рафал. Содржината е резултат на нивните доминантните карактерни црти. Дијаметрално се спротивни. За едниот, Сакан, ако кажеме дека е сангвиник, за другиот, Рафал, сигурно ќе кажеме дека е колерик. Ако едниот од нив, Рафал, ја гради својата животна кариера на база на прототип (стрип-јунакот Мандрак), другиот по карактер сангвиник, никогаш пред себе не исправа личност на која треба да се угледа. И двата лика светот го перципираат на основа на своите страсти. И двата лика се правдољубиви, со тоа што едниот сака да се бори за човековите права преку репресивни мерки, или преку окултизам, другиот, пак, Сакан, таквиот начин на истерување на правдата на виделина, го плаши. Тој ги решава проблемите бегајќи од нив. Животната линија на двата лика тангентира во анксиозноста. И Сакан и Рафал потклекнуваат на симптомите на иста болест. Тоа помага кулминативната точка, препознавањето, да се случи при изборот на саканата Нада. И двајцата се заљубуваат во Нада. Разрешницата од таквиот агон ја наоѓаат во двобојот. Двобојот може да се окарактеризира како борба со најчудни оружја. Бидејќи и двајцата имаат дарба за сликање кое им помага во лекувањето од анксиозноста, Рафал кој сака да се отелотвори во стрип-јунакот Мандрак, маг и окултист, го предизвикува Сакан, кој ќе успее да ја ожени заедничката љубов Нада, на двобој со вкрстено цртање на нивните портрети – Сакан да го црта портретот на Рафал и обратно. Оној што прв и верно ќе го нацрта победува. Победениот умира, а победникот ја добива Нада како трофеј. Сакан се спротивставува на таквиот двобој, но Рафал е упорен зашто смета, како и порано, секој што ќе го нацрта ќе умре. Сакан откако ќе осети претсмртен страв, со растреперена рака го црта на лист хартија портретот на Рафал. По тоа паѓа во длабок сон.

Плaќaњe co кapтичкa

Плaќaњe нa врaтa