Мени
Кошница

Роман Магии

Роман Магии
Продавач PROSVETNO DELO
490.00 ден
Ex Tax: 415.25 ден
Ознаки: Магии Роман


„Магии“ е блескава и привлечна книга. Дарбата на авторката Априлин Пајк едноставно продолжува да цути и дури се плашам да видам колку фасцинантна ќе биде нејзината следна книга. Малку Хари Потер и нешто повеќе „Зона на самракот“ - тоа е добитна комбинација на Априлин Пајк. Сепак, нејзиното сопствено претставување на животот во кралството на самовилите „Авалон“ дава една дополнителна сјајна патина која ги маѓепсува читателите. Пајк развива волшебна серија. „Магии“ изобилува со изненадувања, со неизвесност и напнатост и тешко дека би можела да се смести подолу од нејзината претходна книга „Крилја“. Лорел се претвора во фасцинантна жена. Конфликтот во нејзиното срце нема да предизвика изненадување кај другите, кои исто како и таа се двоумат меѓу две работи што подеднакво ги сакаат.

Плaќaњe co кapтичкa

Плaќaњe нa врaтa