Мени
Кошница

РОМАН ПАГАНСКИ ВРЕМИЊА

РОМАН ПАГАНСКИ ВРЕМИЊА
Продавач PROSVETNO DELO
320.00 ден
Ex Tax: 271.19 ден

Колебливоста, несигурноста, сомнежот се типични за оној што мисли. И панично редиш, ги листаш во мислите книгите што можеби го имаат одговорот, а потоа како мевлем на рана, се смируваш со мудроста. „Само нечитачите, оние што малку знаат, се сигурни!“ Извадок: Си оделе така пеш, уморни од едноличната работа, Чумата, Треската, Колерата и Смртта по завеаниот пат од селото Кучевиште до населбата Бродец над Скопје, и, за чудо, веднаш, без многу перипетии и други ујдурми, стигнале до целта. Како, не знам, зашто првин никој не оди по овој пат зиме, во ноември, по вртоломот на Митровден, кога ќе падне, како што се вели, снег до колена, а ноќта спроти денот кога започнува зимата е најдолга, денот најкус и најмрачен; и второ, никој тогаш не ни помислува да тргне нагоре, зашто цело време на угорницава, од густата дабова и букова шума демнат и завиваат и повтат да те истурат глутниците настрвени и гладни волци. Со нормално одење пешки, лете, кога нема снег или незгодни кашканици на асфалтот, од црквата Свети Спас во селото Кучевиште горе до Бродец или од селото Радишани преку Побожје и обителот Света Богородица, има најмалку еден час одење на нозе, но зиме, ако некој воопшто се осмели да пешачи по снегот, му требаат најмалку еден час само по ридот до над Побожје и манастирот погоре опкружен со конаци и црква внатре, а оттаму до Бродец уште најмалку еден час! Може ќе прашате што барале таму суштествата по гадното невреме? Дали посакале, застанати горе на ветрот, од овие височини под врвот Рамне на Скопска Црна Гора, да го погледаат, колку да им помине времето, сивиот и загаден, главен град на Република Македонија или дошле да ги видат многуте цркви и манастири од четиринаесеттиот век што ги има во сите села на Скопскоцрногорието и го оправдуваат името на целата област, Скопска Света Гора, изградени од српските кралеви по урнек на Света Гора на полуостровот Атос во Грција? Или пак, што е сосема можно, друга тајна задача им беше дал Семоќниот што им ја шепнал на уво за никој од потчинетите да не чуе.

Плaќaњe co кapтичкa

Плaќaњe нa врaтa