Мени
Кошница

Bruder MAN TGS камион со кран и автомобил (4+)

Bruder MAN TGS камион со кран и автомобил (4+)
Бренд Loco Croco
Продавач LOCO CROCO
6,090.00 ден
Ex Tax: 5,161.02 ден
Камионите за влечење се разновидни алатки во сообраќајот. Без разлика дали ќе ги товарат расипаните возила и ќе ги носат во работилница или ќе ги отстрануваат непрописно паркираните возила, тоа ќе бидат едни од главните теми на игра кај вашите мали возачи на овој сет. Специјалниот дизајн на овој камион за влечна служба MAN TGS со автомобил кој е реплика на оргиналниот производ, германскиот производител Bruder ги овозможува сите овие реални детали кои со својата колекција од играчки со децении се единствени и незаменливи на пазарот. Камионот за влечење MAN TGS има функција платформата да може да се спушти за да се товарат возилата. Исто така, можно е да се товарат возила со помош на кранот што може да се издолжува и ротира.Појасот за товарење се состои од синџири и стеги за тркалата,и овозможува безбедно и брзо подигање и товарење. Прицврстувачите на тркалата и дополнителните потпори го зацврстуваат возилото. Кабината на камионот со високи детали има врати што се отвораат, и ретровизори кои се преклопуваат на кабината, како и модулот за светлина и звук. Новиот спортски автомобил има отстранлив покрив и може да се внесе фигура. Автомобилот доаѓа со новиот систем за менување тркала за уште поголема забава кај децата.

Плaќaњe co кapтичкa

Плaќaњe нa врaтa