Мени
Кошница

Релакс масажа на тело и лице - 90 мин.

Релакс масажа на тело и лице - 90 мин.
Продавач EXUISITE
2,150.00 ден
Ex Tax: 1,822.03 ден

Масажата опфаќа масажа на:

• Лицето, главата и скалпот

• Вратот и рамениот појас

• Градниот кош и стомакот

• Рацете и нозете, вклучително дланките и стапалата и

• Грбот. Овозможува подобрен проток на витална енергија во телото, но истовремено и подобрена циркулација на крвта, лимфата и меѓуклеточните течности. Сето ова доведува до подобрен метаболизам и размена на материи, што ја прави одлично средство за детоксикација и прочистување на телото.

Започнувајќи ја масажата од значајните точки на лицето и главата, па се до точките на стапалата, предизвикуваме непречен тек на енергијата по меридијаните на телото. Меридијаните се канали по кои, според теоријата на традиционалната кинеска медицина, циркулира виталната енергија ЧИ, односно биопотенцијалот. Според истата теорија блокадата на овој проток е причина за проблемите и болестите кои се јавуваат. Речиси сите источни техники на масажа и лекување ги користат меридијаните и акупресурните точки, заради што значаен дел од оваа уникатно комбинирана масажа имаат источните масажни техники (туина, таи и акупресура).

Хавајската масажа како течно поврзана и ритмична масажа го интегрира и поврзува целото тело при што ја зголемува подвижноста и виталноста на телото, делувајќи притоа и на духовно и емоционално ниво, што ја прави особено корисна при депресии и други психички и психолошки проблеми.

Класичната или шведска масажа пак е основа за медицинска односно терапевтска масажа на деловите од телото каде оваа масажа е потребна.

Соодветната комбинација на сите овие техники ја прави РЕЛАКС МАСАЖАТА уникатна, оригинална и максимално релаксирачка за целото тело и духот. Оваа масажа ќе ви овозможи максимална и целосна релаксација, но и 90 минутно уживање, како резултат на што е ослободување на секојдневно акумулираниот стрес, што е честа појава во современиот начин на живеење.

Времетраење на третман: 90 мин.

Овој третман е во соработка со салонот за убавина Афродита-С. Подарокот ваучер се користи со закажување на термин во некој од нивните салони (локација Аеродром и Водно).

Плaќaњe co кapтичкa

Плaќaњe нa врaтa