Diabetol Forte е препарат со посебна медицинска намена со природни состојки, растителни екстракти и минерали, наменет за диетстско регулирање на метаболизмот на јаглехидрати.
Содржи 5 активни компоненти со синергистичко дејство;Научна формулација по препорака на докторите (содржи алфа липоична киселина);Клинички докажана ефикасност;Едноставна употреба, 1 до 2 капсули на ден;100% природен производ;Не содржи ГМО, млеко (лактоза), глутен, соја или други познати алергени;Во пакување од 30 капсули (PET амбалажа).Достапен во продажните центри на Natura Therapy и аптеките.ЗОШТО DIABETOL FORTE?
Помага во регулација на гликемијата; [2]Придонесува за намалување на инсулинската резистенција; [2]Делува синергистички со редовната терапија;Позитивно дејство во однос на невропатските промени; [3 - 5]100% природен, безбеден и без несакани ефекти и при продолжена употреба.ПРЕДНОСТИ НА DIABETOL FORTE!Анализирајки ја достапната понуда на додатоци на исхраната и препарати наменети за лицата со дијабетес и нарушен метаболизам на јаглехидрати и заклучоците од научните истражувања за ефектите од примената на растителни екстракти и други природни компоненти како поддршка за подобрена регулација на шеќерот стручниот тим на нутриционисти, фармацевти, доктори и технолози во Natura Therapy го создаде производот DIABETOL FORTE:
Кој ги комбинира сите неопходни микронутриенти потребни за нормален, регулиран метаболизам на јаглехидрати, продукција, складирање и секреција на инсулин во оптимални вредности (300мг алфа липоична киселина во препорачана дневна доза);Заедно со растителни екстракти со научно докажано својство во подобрување на инсулинската чувствителностЗа едноставна употреба, комплементарно на дадената терапија;Ефикасноста на препаратот е потврдена и со клиничко истражување, спроведено на Универзитетската клиника по ендокринологија при клиничкиот центар во Скопје, Македонија во 2022 година.Комбинација на 5 активни состојки со научно потврдено дејство
Алфа липоична киселина – докажано помага да се намалат авто-оксидативните процеси предизвикани од гликозата (ги неутрализира слободните радикали) со што се спречуваат оштетувања на клетките од васкуларниот ендотел и невроните, се подобрува инсулинската сензитивност и се подобрува кондуктивноста на сигналите помеѓу невроните, за превенција од појавата и развој на невропатија.
Екстракт од цимет – екстрактот од кората на циметовото дрво (Cinnamomum spp.) придонесува за активацијата на ензимот глукоген синтетаза и инхибиција на ензимот глукоген синтетаза киназа-3бета, со што ја подобрува ефикасноста на инсулинот. Екстрактот од цимет исто така помага да се намали дигестијата и апсорпцијата на шеќери во дигестивниот тракт, како и да се зголеми транспортот на гликоза во клетките.
Екстракт од горчлива диња – екстракт добиен од плодот на горчливата диња – карела (Memordica charantia L) кој содржи биоактивни соединенија кои ја подобруваат ефикасноста на врзувањето на инсулинот за поефикасна дистрибуција на гликозата во клетките и придонесува за помала апсорпција на шеќерите од храната.
Цинк (цинк пиколинат) – ја подобрува функцијата на β-клетките во панкреасот и учествува во конверзијата на проинсулин во инсулин, како и складирањето и oслободувањето на инсулинот од панкреасот.
Bioperine® –патентиран, стандардизиран екстракт од црн бибер (Piper nigrum), кој докажано ја подобрува апсорпцијата и достапноста на куркуминот за 2000%.
ЕКСТРАКТ ОД ЗЕЛЕН ЧАЈ е додаток на исхраната кој содржи екстракт од листови од зелен чај (Camellia sinensis), извор на моќни антиоксиданти, полифенолни соединенија од групата на катекини (ЕГЦГ).
Пакување: пластично капување, 30 капсули, 500 мг.
Дозирање и начин на употреба: Се земаат по 1 до 2 капсули на ден.