Мени
Кошница

Bruder Mercedes-Benz Sprinter возило шлеп служба и спортски автомобил (4+)

Bruder Mercedes-Benz Sprinter возило шлеп служба и спортски автомобил (4+)
Продавач LOCO CROCO
4,360.00 ден
Ex Tax: 3,694.92 ден
Стилскиот и модерен дизајн на камионот за шлеп служба се гледа уште на прв поглед. Камионот има платформа која е моделирана до последниот детал од оригиналот. Покрај висококвалитетните врати со внатрешна облога и модулот за светло и звук, особено се истакнува синџирот за безбедно спуштање на автомобилите. Тој е функционален и лесно прилагодлив, а пак деталите на играчката се многу реални па со мала имагинација вашето дете ќе си игра со часови. Сите овие реални детали ги овозможува германскиот производител Bruder кои со својата колекција од играчки со децении се единствени и незаменливи на пазарот. Со помош на синџирот за спуштање расипаните возила може да се отстранат дури и од најтешките ситуации. Странично има кутија за складирање на алат, а пристапните рампи можат да се издолжат за да обезбедат на возилата полесно искачување на камионот, има заштитни стопирачи на задните тркала за дополнителна заштита од паѓање на возилото. Спортската кола има отстранлив покрив и може да се внесе секаква фигура за пореалистична игра на вашите малечки.

Плaќaњe co кapтичкa

Плaќaњe нa врaтa