Народните легенди и преданија спаѓаат меѓу старите, најинтересните народни умотворби. Затоа се мошне популарни и многу сакани од секоја возраст особено од најмкладите читатели- учениците.
Додека преданијата се мошне концизни и најчесто кажуваат како некои место (мост, село, град, црква, манастир, или како друга градба) настанало или го добило своето име или пак, зборуваат за важните дела на значајните, заслужните историски личности ( најмногу ги има за Марко Крале, цар Самоил, св. Климент и св. Наум Охридски), дотогаш легендите со народни сфаќања појаснуваат како настанал светот- небото, земјата, ѕвездите или на атмосферата, или одделни животни , растенија и др. , како и за верувањата во митолошки сознанија. И верувања во ламји, змејови, самовили и др.