Во едицијата сликовници преполни со згодите и незгодите на ЛУТИТЕ ПТИЦИ и 4 решавалки кои го задржуваат вниманието на децата преку најразличните игри и задачи кои треба да ги решат.
Иако понекогаш се лути, овие птици се како деца: наидуваат на различни ситуации, решаваат различни задачи, прават непромислени постапки за потоа да ги одмеруваат, учат да создаваат пријателства, како да споделуват разговор и емоции, како да си помагаат... Сето тоа индиректно упатува на човечки особини и карактери кои овие сликовници ги доближуваат до младиот читател. Тие прават сЕ за да ги заштитат јатото и нивните гнезда со јајца.
Читајте, решавајте, забавувајте се со јатото ЛУТИ ПТИЦИ: Црвенко, Чак, Жолтата Птица и др. Истражувајте, поврзувајте, редете, размислувајте, споредувајте и што е најважно учете.