Маникир и педикир - 90 мин.
Маникир и педикир - 90 мин.
Продавач EXUISITE
Uyarı
EXUISITE Mağazamızın maksimum sepet ağırlığı limitini aştınız.
1,950.00 ден
Ex Tax: 1,652.54 ден
Луксузен педикир кој вклучува хидромасажа со морски соли за релаксација, длабински пилинг за мека и глатка кожа, маска и балзам за нозе со специјална масажа за опуштање. Се завршува со уредување и лакирање на ноктите.
Денес секоја современа жена има потреба од еднаш месечно стручно хигиенско уредување на стопалата и средување на ноктите.
Во удобниот амбиент со хидро-џакузи пријатно ќе се опуштите и релаксирате и ќе заборавите на проблемите од секојдневието.
Многумина имаат проблеми со задебелување на ноктот, појава на гливици кои се шират на здравиот нокт, задебелување на петите, плускавци. Тоа е резултат на современиот ритам на работа во неудобни чевли и слаба циркулација.
Во центарот за убавина Афродита С со најсовремени апарати се прават третмани на стапалата во многу хигиенски услови и стерилни препарати за една употреба, услови каде што можат сите тие недостатоци да се отстранат.
Покрај хигиенското класично уредување на нокти добивате и комплетен третман на Вашите нокти и раце.
Се пилингуваат ноктите, се ставаат сите потребни витамини и на крај маска. Се завршува со масажна крема со масажа.
Времетраење на третманот: 90 мин.
Овој третман е во соработка со салонот за убавина Афродита-С. Подарокот ваучер се користи со закажување на термин во некој од нивните салони (локација Аеродром и Водно).
Плaќaњe co кapтичкa
Плaќaњe нa врaтa