Мени
Кошница

Алиса во земјата на чудата

Алиса во земјата на чудата
Продавач PROSVETNO DELO
780.00 ден
Ex Tax: 661.02 ден

Нурни се во Земјата на Чудата преку интерактивно читање што ти го нуди оваа книга. Алиса минува едно топло летно попладне на брегот на еден поток кога одеднаш Белиот Зајак протрчува крај неа, зборувајќи си: „Ох, не, ох, не! Ќе задоцнам!“ Изненадена и полна со љубопитност, Алиса го следи зајакот до неговата дупка во која пропаѓа... и нејзината волшебна авантура започнува. Волшебни колачиња, златно клуче, напивки и необични суштества те чекаат во овој луд, забавен, фантастичен свет. Класичното безвремено дело, адаптирано за новите технологии кои истовремено и го збогатуваат и го надградуваат, ќе им биде забавно и на оние кои се враќаат повторно во Земјата на Чудата, како и на оние коишто првпат ја истражуваат. Придружи и се на Алиса во нејзините авантури преку апликацијата за виртуелна и аугментирана реалност. Помогни му на Белиот Зајак да го пронајде неговиот драгоцен волшебен предмет така што ќе ги отклучуваш мини игрите и загатките како што се развива приказната... Запознај се со најпознатите жители на Земјата на Чудата: посети ги . Лудиот Шапкар и Мартовскиот Зајак на попладневна чајанка, играј крокет со Кралицата Срце, обиди се да го најдеш, Чеширскиот Мачор... И уште многу други изненадувања кои те чекаат во оваа волшебна адаптација на авантурите на Алиса

Плaќaњe co кapтичкa

Плaќaњe нa врaтa