Мени
Кошница

Bruder JCB мини багер и градежен работник (4+)

Bruder JCB мини багер и градежен работник (4+)
Бренд Loco Croco
Продавач LOCO CROCO
1,460.00 ден
Ex Tax: 1,237.29 ден
Доволно мал за да помине низ најситните недостапни места, а пак доволно силен за да ја заврши работата на десет мажи! JCB микро багерот 8010 CTS е извонреден не само поради неговата големина, туку и поради неговата моќ. Опремата на микробагерот е детална како оргиналната, вклучувајќи ја целосно функционалната рачка на багерот, ротирачката шасија и подвижниот кран.Уникатноста во деталите и издржливоста на овој багер JCB 8010 CTS е нешто што го инспирираше германскиот производител Bruder да го додаде овој производ како реплика во својата колекција од играчки, кои со децении се единствени и незаменливи на пазарот за висококвалитетни играчки. Возилото е совршено прилагодено за сите фигури од BRUDER bworld. Со микро багерот е вклучена и фигура, која има зглобни раце и нозе со цел да биде лесно прилагодлива за децата, и овозможува веднаш да започнат со работата на градилиштето штом ќе го отворат пакувањето вашите мали работници.

Плaќaњe co кapтичкa

Плaќaњe нa врaтa