Shporta

Rreth Nesh


Кога ке дојдете на нашиот сајт или ги користите нашите услуги, Стар Схоп Доо Скопје, но и трети лица, авторизирани од наша страна собираат колачиња кои содржат податоци за Вас. Во продолжение следи објаснување за политиката за користење на колачиња.

Ги користиме колачињата за да ја администрираме нашата интернет страна, да анализираме трендови, да ги следиме активностите на корисниците и со тоа да овозможиме персонализирани промотивни пораки и реклами.

Кога прв пат ќе пристапите на интернет страната на Стар Схоп Доо Скопје може да добиете порака која што Ве известува дека користиме “колачиња”. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот Вие изјавувате дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

На известувањето има копче “Поставки за колачиња„ со цел Вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета ќе бидат зачувани. Кај секој тип на колачиња е наведено објаснување за истите а детално обаснување за типовите на колчиња можете да прочитате во продолжение на оваа политика за колачиња. Не е задолжително да ги прифатите колачињата и користењето на истите може да биде отповикано во било кое време (Како да ги контролирате колачињата, содржано подолу во текстот). Може да ги промените подесувањата на вашиот пребарувач за да ограничите или забраните колачиња и можете да ги избришете од било кој уред во било кое време.  Ако не се согласувате или ги избришете колачињата некои делови од нашиот сајт кои ги пристапувате може да не фукционираат како што треба или да им треба многу повеќе време да се отворат.

Што се колачиња?

Колачињата се мали текстуални датотеки, делови од код, кои можат да се употребуваат од страна на веб-страници со цел да се подобри корисничкото искуство. Колачињата се зачувуваат на вашиот компјутер или мобилен уред кога го посетувате веб сајтот. Кога следен пат ќе го посетите пак истиот сајт, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме вашиот пребарувач. Колачињата може да ги зачувуваат вашите преференции и други информации но не можат да читаат ваши податоци или информации од вашиот храд диск или пак да читаат други зачувани фајлови за колачиња од други сајтови.

Колачињата кои што се директно поставени од сајтот https://www.starshop.mk/ се нарекуваат “колачиња од прва страна”. Колачињата поставени од други страни се нарекуваат “колачиња од трети-страни”. Колачињата од трети страни овозможуваат различни функционалности на нашиот сајт како (рекламирање, фукнции на социјални медиуми, аналитики). Овие колачиња не се во сопственост на Стар Схоп Доо Скопје и Стар Схоп Доо Скопје нема контрола врз нив и како тоа ќе бидат истите искористени.

Зошто се користат колачињата?

Колачињата се користат за подобро разбирање на користењето на веб-сајтот од страна на посетителите како и за оптимизирање на искуството при користење. Колачињата дозволуваат, на страната која што ги поставува, да препознаваат корисничките уреди на користење во споредба со претходни најави и посети со цел да се персонализираат рекламите за поголема релевантност спрема корисниците. Овие информации може да се соберат на сите веб-пребарувачи и на сите уреди (компјутер, лаптопи, паметни телефони, таблети итн.), но маркетинг колачињата не содржат лични податоци за корисниците. Оваа веб-страница употребува различни видови колачиња:

Колачиња што ние ги користиме:

Неопходни колачиња (necessary cookies). Неопходните колачиња помагаат една веб-страница да биде употреблива со овозможување на основните функции, како навигацијата низ страницата и сл. Без овие колачиња, веб-страницата не може да функционира исправно.

Претпочитани колачиња (Preference cookies). Претпочитаните колачиња ѝ овозможуваат на вебстраницата да ги запомни информациите кои го менуваат начинот на кој таа се однесува или изгледа, како на пример Вашиот претпочитан јазик или регионот во кој се наоѓате.

Колачиња за перформанси и функционалност. Овој тип на колачиња се однесува на следењето за тоа доколку повторно се вратите на нашиот сајт. Овие колачиња содржат неопходни информации, на пример од кој град пристапувате кон Стар Схоп Доо Скопје. Важно е да се напомене дека овие колачиња не се неопходни и не влијаат врз вашето искуство при посетата на нашиот сајт.

Како да ги контролирам колачињата?

Кога прв пат ќе пристапите на интернет страната https://www.starshop.mk/ може да добиете порака која што ве известува дека користиме “колачиња”. Вие имате опција да одберете „Не прифаќам колачиња“, „поставки за колачиња“ и „се согласувам“. Со кликнување на “се согласувам”, затворање на поп-ап прозорецот или со продолжување со користење на веб сајтот Вие изјавување дека сте ја разбрале и сте се согласиле со употребата на овие технологии, како што се објаснети во оваа Политика за колачиња.

На известувањето има копче “Поставки за колачиња„ со цел Вие самите да одберете кои колачиња со информации за вашата посета на https://www.starshop.mk/ ќе бидат зачувани. Поточно може да одберете кои од претпочитаните колачиња кои не се задолжителни ќе бидат зачувани.

Не е задолжително да ги прифатите колачињата и согласувањето со користењето на истите може да биде отповикано во било кое време. Преку подесувањата во веб-пребарувачот може да подесите кои колачиња ќе ги задржите, а кои не сакате да ги задржите. Исто така може да ја исконтактирате компанијата која ги поставила и која ги контролира колачињата. За повеќе информации проверете во подесувањата на вашиот веб-пребарувач.

Како да ги оневозможите колачињата?

Подесување на колачињата може да се направи преку опцијата „Поставки за колачиња“, каде може да се подесат колачињата кои не се задолжителни. Со кликање на копчето „Не прифаќам колачиња“, се оневозможуваат Аналитичките и Маркетинг колачињата, додека Задолжителните колачиња остануваат активни од причина што истите се неопходни веб страната да функционира на начин на кој се очекува. Задолжителните колачиња може да се оневозможат преку интернет – прелистувачот. Исто така, менито „Помош“ („Help“) во лентата со алатки на интернетпрелистувачот на Вашиот компјутер ги дава следниве информации за корисниците:

-        Да ги прифатите сите колачиња

-        Како да ги исклучите колачињата од трети страни

-        Како да го поставите пребарувачот да Ве извести кога ќе примите ново колаче

-        Како целосно да ги исклучите колачињата.

Оневозможувањето на колачиња на овој начин ќе спречи поставување нови колачиња, но нема да престане да функционираат претходно поставените колачиња на Вашиот уред, освен ако не ги избришете сите колачиња во поставките на прелистувачот. Доколку целосно ги исклучите колачињата, тогаш постои можност веб страницата да не функционира на начин како што очекувавте. За да се спречи ова, Ви препорачуваме да ги прифатите колачињата.

Рок на чување на колачињата

Рокот на чување на колачињата зависи од типот на колачиња и дали истите се поставени од страна на Стар Схоп Доо Скопје или пак од трети страни. Функционалните и статистичките колачиња се чуваат во рок од 30 минути до 2 години, а колачињата кои се користат за маркетинг цели се чуваат во рок од 15 минути до 1 година.

Сите колачиња кои што се чуваат од страна на Стар Схоп Доо Скопје не го идентификуваат крајниот корисник и / или се користат исклучиво за овозможување на услуга која што самиот корисник ја побарал од Стар Схоп Доо Скопје и за која што корисникот ја посетил страната на Стар Схоп Доо Скопје.

Генерални информации

Политиката за колачиња е дел од системот за заштита на лични податоци. За повеќе иформации може да ја погледнете нашата Политиката за приватност.

Политиките може да се менуваат и обновуваат повремено. Ве молиме посетувајте ги полтиките за информираност при евенутални промени.

Нептун го задржува правото да ја променува политиката за приватност. Промените во политиката на приватност ќе бидат јавно објавени на интернет странатa www.starshop.mk најмалку 10 дена пред да стапат во сила