Ова е реалистичен , психолошки роман со елементи на социјален, криминалистички и философски роман .
Темата и идејата на романот се содржани во насловот, темата е злосторството, двојното убиство што го извршува Раскољников и казната што следува (повеќе психичка, отколку физичка). Во психолошката казна е содржина и идејата- дека човекот самиот повеќе се казнува и измачува отколку што може да го казни општеството. Исто така, дека нема никаво оправдување за извршено убиство, зашто сечиј живот е вреден. Дејството во романот се одвива во текот на девет дена пред и по злосторството, како и една година по него.
Изданието е лектира за трета година средно образование.