ДР СЛИМ е диететски производ во прашкаста форма наменет за подготовка на диететски напиток со вкус на чоколадо, богат со растителни влакна и екстракти кои овозможуваат полесно регулирање, намалување на тежината и чистење на телото.
Вистинско чоколадно уживање со само 20 калории.
Употребата на растителни влакна (фибер) е клучен дел од процесот на слабеење и регулирање на тежината. Тие ги исполнуваат желудникот и цревата, со што обезбедуваат ситост подолго време, за намален внес на храна, а го стимулираат и празнењето на цревата, со што се намалува апсорпцијата на калории од шеќерите и мастите.
Тегавецот посебно се препорачува за зголемено празнење и чистење на цревата. Тој е одличен да го користат и лица кои имаат запек и тешкотии со празнењето.
Глукомананот, растителни влакна од растението Коњак има способност да врзе вода во тежина и до 50 пати поголема од сопствената. На тој начин создава голем волумен на желатинозна маса во дигестивниот тракт за долготрајна ситост и елиминација на чувството на глад.
EFSA - Европската агенција за храна потврдува дека употребата на глукомананот придонесува во намалувањето на тежината.
Состав: Какaо во прав, тегавец, глукоманан, засладувач, екстракт од реиши, мака екстракт, акаи бери екстракт, зелен чај екстракт.
Начин на подготовка: Се раствара 6g. Др СЛИМ во 200 до макс 250 мл. течност (вода или нискомаслено млеко) 1-2 пати на ден помеѓу оброци. Да се зема на празен стомак. Најдобро убаво да се измеша во шејкер или со блендер да се добие фина хомогена смеса.