Menu
Кошница

Bruder MAN TGA камион со кран и теренско возило (4+)

Bruder MAN TGA камион со кран и теренско возило (4+)
Продавач LOCO CROCO
3,900.00 ден
Ex Tax: 3,305.08 ден
Сите виделе овој камион на MAN TGA 41.440 што се може да направи, се што е потребно е само мала имагинација на малите возачи и играта може да започне. Германскиот производител Bruder ја произведе оваа реплика од овој врвен модел на MAN TGA 41.440, кои ќе ги воодушеви вашите најмили. Исто како и оригиналниот камион, оваа играчка има импресивни и иновативни функции, затоа Bruder се единствени и уникатни на пазарот во производството на ваков тип на производи. Во камионот за влечна служба може да се натовари возилото кое е во дефект и има потреба да се однесе на поправка. Возилата кога се враќаат од камионот на улицата, можат да се растоварат преку платформата на камионот за товарење која може да се крене на кип, или пак со помош на кранот така што може да се издолжи кранот и да се врти странично за полесно растоварување, а додека синџирите со стеги за тркалата им овозможуваат безбедно и брзо влечење. Има дополнителни стабилизатори/ногарки кои обезбедуваат стабилност на камионот, а меки гуми со прават овој производ уникатен. Ретровизорите на возачката кабина може да се преклопат. Исто така, хаубата на моторот на возилото може да се отвори.

Плaќaњe co кapтичкa

Плaќaњe нa врaтa